>>> ЗА НАС

... почетоците на нашата работа датираат од 1 октомври 1997 година. Во таа, почетна фаза, работевме со дизајн, со рекламен материјал и негово печатење, за подоцна да ја прошириме нашата дејност со производство на различни видови реклами - светлечки, лимени, реклами на возила и на излози. Во текот на работењето, услугите од нашите соработници ги заменивме со купување на сопствена катер машина за изработка на ПВЦ налепници, со цел да го обезбедиме неопходниот квалитет во изработката на рекламите. Почетните ПВЦ печатења ги усовршивме и ги надополнивме со купување на софистицирана и модерна опрема за печатење на пластика и на текстил, одговарајќи на екстремно високите мерила за квалитет.

Работата со рекламните материјали со текот на годините ја усовршуваме, збогатувајки ја со сопствен увоз од странство, при што постигнавме висока конкурентност. Во последните години, покрај со рекламите, производството го збогативме и со изработка на знамиња, приврзоци, беџови, значки, каталози и слично, и тоа исклучиво со сопствени, увозни, внимателно сортирани и одбрани материјали. Досегашниот успех и пробивот меѓу популарните се должат на големиот поврат од вложувањето во рекламни кампањи и во спонзорства на повеќе спортови.

Комплетно квалификуваниот и професионален кадар во нашата компанија одговара на сите досегашни потреби на нашите коминтенти. Со цел да ја одржиме тенденцијата на пораст на квалитетот и да ги задоволиме потребите на нашите коминтенти, во блиска иднина планираме преземање на застапништва за неколку брендови во Македонија, како и постојано проширување на дејностите и капацитетите.


со почит,
ПОПЕ компани