Get Adobe Flash player

ПОПЕ КОМПАНИ ДОО Скопје, е трговско друштво кое веќе долги години наназад нуди комплетно графичко решение и на тој начин успева да ги реализира сите идеи на своите клиенти.

Почнувајќи како мала фирма во 1997-та година, а продолжувајќи во 2002-та година како д.о.о., па се до денес, успеавме сосема природно да се наметнеме на нашиот пазар како неопходна алка во синџирот.

Ако на почетокот печатењето беше нашата основна дејност, денес таа е надополнета како со сопственото производство така и со застапување на неколку светски брендови во нашата земја меѓу кои:

  • текстилниот гигант од САД - FRUIT OF THE LOOM, со промотивниот текстил како маички, блузони, шушкавци... наменети за брендирање;
  • Италијанскиот синоним за капи ATLANTIS, со разновидни модели и бои наменети за брендирање кои ги задоволуваат сите вкусови;
  • Германскиот производител RITTER PEN, кој со своите модели и цени е без конкуренција.
  • Шпанскиот производител GAMAX, чии машини и репроматеријали за беџoви, привезоци и значки веќе се наоѓаат во секоја графичка фирма
  • Италијанскиот производител за бои KIIAN, преку својот најпродаван бренд ARGON MANOUKIAN за кој самото име говори.
  • Американски производител на самолепливи фолии AVERY, чии квалитетни производи може да ги добиете за најдобра цена.
  • Италијанскиот производител нa брендот EURODROP, чии машини и смоли ќе ја реализираат вашата фантазија за 3Д налепници.
  • брендовите од рекламниот програм IMPRESSION, кои ја надополнуваат веќе богатата понуда на рекламен материјал.

Од сето претходно споменато ПОПЕ КОМПАНИ со својата печатница не само што прерасна во еден од лидерите во областа на графиката туку и стана еден од гласните промотори на новините од графичката област како и од областа на промотивниот сектор во нашата земја.